Емина Јаховиќ падна во заборав: Ова е новата избраничка на Мустафа Сандал (ФОТО)
20 години e помлада од пејачот
Турскиот мегастар Мустафа Сандал (51), кој во февруари 2018 година се разведе со Емина Јаховиќ, веќе подолго време е во врска со Мелис Сутсуруп, покрај која ја најде среќата по разводот со поп-пејачката. Тој неодамна првпат сподели нивна заедничка фотографија на својот инстаграм-профил.
Инаку, Мустафа и Мелис првпат беа видени заедно во мај 2019 година, а турските медиуми пишуваа за снимките и фотографиите на кои пејачот и неговата нова девојка се држат за рака.
View this post on Instagram
Како што тогаш беше објавено во локалните медиуми, Мелис е 20 години помлада од Мустафа и е сопственичка на бутик во Истанбул. Таа има син од претходниот брак, додека, пак, популарниот пејач ги изма синовите Јаман и Јавуз со Емина Јаховиќ со која 10 години беше во брак.
View this post on Instagram
Мустафа и јас сме само пријатели, тој веќе не е мојот сопруг, затоа не ми пречи со кого беше фотографиран – изјави Емина Јаховиќ во 2019 година кога нејзиниот поранешен сопруг првпат беше виден со новата партнерка.
Фото: Инстаграм