Екслузивно: Познатата манекенка од „Викторија Сикрет“ се прошета низ улиците на Белград (ФОТО)
Животот на познатите
Најпознатата бразилска манекенка вчера уживаше низ улиците на главниот град на Србија.
Откако уживаше во Црна Гора, каде меѓу другото уживаше и на концертот на српската пејачка Сека Алексиќ, една од најпознатите светски манекенки и модели на познатата модна куќа „Викторија сикрет“, во Белград пристигна и познатата Александра Амбросио.
Манекенката вчера попладне пристигна во Белград во друштво на своите деца, партнерот и пријателите, а веднаш од аеродромот замина во луксузен хотел во строгиот центар на главниот град. И покрај тоа, таа го искористи денешниот ден и се прошета по улицата „Кнез Михаилова“, каде покажа дека и покрај тоа што зачекори во петтата деценија од животот, сепак изгледа како на почетокот на кариерата.
Судејќи по фотографиите, Александра Амброзио е воодушевена од величествените изданија и градби во Белград, па овој сончев ден го искористила да се фотографира со своите деца.
Александра Амбросио
Алесандра Корин Амбросио е бразилска манекенка и фотомодел. Тајра Бенкс ја опиша како „иднината на модниот свет“. Амбросио е најпозната по соработката со модната куќа “Victoria’s Secret” и беше првиот модел од линијата “PINK“. Амброзио моментално е еден од „ангелите“ на куќата на “Victoria’s Secret” и главното лице на англиската куќа “Next”.
Алесандра имала само осум години кога решила дека сака да биде топ модел откако ја видела Карен Мулдер на насловната страница на едно списание. Таа рече: „Сакам да бидам како неа“. На 12-годишна возраст започнала со часови по моделство, а како четиринаесетгодишна била меѓу 20-те финалисти на натпревар за моделство во Бразил.
Коментарите се заклучени.