Вртоглави суми за парче месо: Познатиот готвач Salt Bae на удар на негативни критики

Животот на познатите

Познатиот готвач Нусрет Гокче неодамна се најде на удар на критики, кога неговиот ресторан доби негативни критики поради високите цени и лошата услуга.

Нусрет Гокче важи за еден од најпознатите готвачи во светот. Тој привлече големо внимание на социјалните мрежи каде ги промовираше своите ресторани и специфичниот стил на послужување храна.

Набрзо стана голема атракција, многу познати личности сакаа да го запознаат и да бидат услужени од него. Поради неговата популарност, цената на храната во неговите ресторани драстично поскапе, а доколку сакате тој лично да ви носи храна, бидете подготвени да издвоите значителна сума пари.

Почна да доживува голема слава во 2017 година кога почна да снима преработка на храна. Специфичниот и интересен начин на обработка го издвојува од другите. Посебно е познат неговиот потег при солење храна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

Нусрет Гокче има цел синџир на ресторани за стек-хаус во неколку турски градови, како и во Дубаи, Њујорк, Миконос, и служел ѕвезди како Антонио Бандерас, Томи Хилфигер, Ашер, Андреа Бочели, Ал Пачино, Марк Валберка, Малума и многу други..

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

Минатата година отвори и ресторан во Лондон, но работите не беа многу светли од самиот почеток на местото. Солт Бае најмногу беше на удар поради апсурдно високите цени – нема медиум на планетава кој не пишувал за случајот со гостите кои за својата вечера добиле сметка од 37.000 фунти, која би била 2,5 милиони денари.

Набрзо почнаа да се шират негативни коментари за овој ресторан, а доби и негативни критики.

Еден разочаран гостин напиша: „Суво суво суво. Блантаво. Очигледно Salt Bae ја штеди солта – како и сите видови вкусови. Губење пари. Лажго на социјалните мрежи. Жал ми е за луѓето кои се убедени дека ова е добра храна.”

Имаше и такви кои застанаа во одбрана на популарниот готвач и неговиот ресторан.

„Моето искуство беше пријатно. Дефинитивно го препорачувам ако имате пари и време”, напишал еден гостин.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.