Џорџија Тенант: „Преживеав рак, а не ни знаев дека го имам”

Актерката Џорџија Тенант, сопруга на малку попознатиот британски актер Дејвид Тенант, на социјалните мрежи објави дека последните две години боледувала од рак на матка, а борбата против болеста детално ја опишува на својот блог.

– Не сакам да зборувам многу за себе, оние што ме познаваат веќе го знаат тоа, но овој пат сакам да споделам некои работи со вас. Преживеав рак, а не знаев дека го имам. Ако не одев на лекар, ова можеше да биде многу поинаква приказна. Ќе бидам засекогаш благодарна што не морав да ви кажам – напиша Тенант, меѓу другото.

Џорџија глуми во неколку британски ТВ серии и во популарната серија за научно фантастика „Доктор Кој“, таа глуми и заедно со нејзиниот сопруг Дејвид.

– Почнав да си го планирам погребот и сè уште не сум кажала на сопругот. За среќа, тие успеаја да го отстранат туморот целосно со биопсија, но важно е сами да одите на преглед – заклучи актерката и на овој начин испрати порака до јавноста за важноста на редовните прегледи.

Прочитајте и: Додека се лечела од зависности, лекарите ја силувале, ја труеле со храна и ја држеле во соба со стаорци: Од Холивуд до психијатрија!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.