ДАЛИ ЗНАЕШ КОЈА СУМ ЈАС? Поради едно прашање на Мадона, ѕвездата на „La Casa de Papel“ остана без текст! (ВИДЕО)
Неочекувано од неа
Урсула Корберо, на милиониските обожаватели на серијата „La Casa De Papel“ позната како Токио, гостуваше во познатото американско шоу „The Tonight Show“ и по тој повод откри како изгледала нејзината средба со Мадона.
Урсула раскажа дека случајно се нашла до Мадона во авионот, а разговорот го започнала пејачката:
Ја крена ногата, патиката на моето седиште и местеше нешто, а потоа ми рече: ‘Еј, извини, само сакав да ти кажам дека сум голем фан на серијата La Casa De Papel и дека Токио е мојот омилен лик’. А потоа ме праша: Знаеш ли кој сум јас?“, се присети актерката.
Јас ѝ реков: ‘Секако дека знам, ти си е**** Мадона’“, откри Урсула, видно возбудена што ја запознала поп-иконата.
Потоа следувало вистинско изненадување.
Добив порака од Мадона: ‘Драга, го заборави пасошот. Тој остана на твоето место, сега е кај стјуардесата.’ Така, благодарение на Мадона, успеав да се вратам дома“, воодушевено раскажа Урсула.
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм