Бруклин Бекам ѝ посветил 70 тетоважи на својата жена: „Таа секогаш плаче“

Шоубизнис

Познато е дека Бруклин Бекам сака тетоважи.

Бруклин Бекам (23), синот на Викторија и Дејвид Бекам, пред неколку месеци се ожени со моделот и богата наследничка Никола Пелц. Раскошната венчавка привлече големо внимание во јавноста, а младиот пар често открива нешто ново за нивната врска, која секогаш предизвикува интерес.

Познато е дека Бруклин сака тетоважи и има многу такви, но она што ги изненади сите е бројот на тетоважи посветени на неговата сопруга.

Бруклин рекол дека од неговите 100 тетоважи, околу 70 се посветени на неговата сопруга, пренесува “People”.

„Секогаш плаче кога ќе и посветам уште една тетоважа. Сакам да ја изненадам со нова тетоважа“, изјави тој за “USA Today”.

Тетоважите го вклучуваат зборот „oженет“, очите на Никола, а познато е и дека Никола го има истетовирано неговото име на грбот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.