Бредли Купер, Ирина Шајк и неговата поранешна жена на едно место: Се случи ХАОС на црвениот тепих, сите се правеа дека не се познаваат!

Сите на купче!

Непријатните ситуации некогаш не можат да се избегнат или е потребно да се соочите со нив заради „високите цели“.

Се прашуваме како му било на Бредли Купер кога во Њујорк се сретна со поранешната свршеница, бившата девојка и жената која ја иницираше средбата со неговата поранешна жена.

Ова веќе станува интересно. Но еве објаснување, актеротр се појави на доделувањето на CFDA Fashion наградите во Њујорк бидејќи беше еден од добитниците на награда. Позираше на црвениот тепих со музичкиот суперстар Лени Кравиц, а на истиот настан беше и неговата поранешна свршеница Ирина Шајк, со која наводно ја обновил врската.

Ирина и Бредли раскинаа во 2019 година, по врска од четири години, а сè почесто може да се слушне дека повторно се забавуваат. Поранешниот пар, кој ја има ќерката Ли Шејн Шајк Купер, бил забележан видени во Њујорк, а нивната средба беше повеќе од интимна.

На церемонијата се појавила и Хума Абедин, со која Бредли беше поврзуван во јули оваа година. Оваа жена беше ѝ потпредседател на кампањата на Хилари Клинтон за претседател на Америка во 2016 година и заменик во нејзиниот кабинет додека таа беше државен секретар од 2009 до 2013 година.

Триаголникот се претвори во четириаголник бидејќи на доделувањето на наградите беше и уредничката на американскиот „Вог“, Ана Винтур, која ги спои Хума и Бредли, бидејќи е нивна долгогодишна пријателка.

Сите актери во оваа приказна се држеа на растојание додека траеше фотографирањето. А што се случувало зад рефлекторите? Па, сигурно било многу интересно!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.