„Се враќам дома и плачам“: Даница Максимовиќ откри каков однос има со синот

Тажно...

Актерката има комплицирана врска со синот.

Даница Максимовиќ откри каков однос има со ссвјот наследник, со кого соработува и на деловен план, земајќи предвид дека Милош е режисер. Нивниот однос е многу сложен и често се случува, по снимањето, актерката да се враќадома со плачење…

Сега тој ми е режисер, а јас сум негова актерка. Ние сме соработници. Посебен предизвик е да се работи со него, бидејќи е многу баран, строг и прецизен и сакам да одговорам на секое негово барање. Работев со Дејан Мијач, Егон Савин и со многу словенечки режисери, но ова е нешто сосема друго. Ова е многу потешко и многу покомплицирано. Милош полесно може да викне на мене отколку на некој друг колега. Не велам ништо, само си одам дома и плачам. По некое време, ми се јавува и ме прашува дали сум се смирила, изјавила актерката за „Глорија“.

Таа најави дека за новата улога ќе мора драстично да го смени изгледот.

Односот меѓу Милош и мене е многу сложен, но добив многу напорна улога, која повлекува посебна физичка трансформација за која сè уште не сакам да зборувам. Тоа секако ќе биде големо изненадување за гледачите, откри Даница Максимовиќ.

Даница многу се грижи за својот изглед, па нејзиниот ден е незамислив без вежбање, јога и пилатес.

Мојот ден е незамислив без вежбање. Помеѓу половина час и четириесет минути правам вежби за раце, нозе, за сите коски и зглобови. Претежно пилатес и јога, обично на под и со тегови во рацете, зависи од тоа што најмногу ми се чини потребно тој ден, објасни Даница за „Глорија“.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе