Богаташот морал да се качи на скали за да ја бакне девојка му: Повисока е од него 17 см, но тоа нему не му пречи

Висината не е важна

Џејсон Опенхајм ја изгубил главата за помладата и повисока манекенка со која е во врска само неколку месеци

Брокерот со недвижнини Џејсон Опенхајм (45) не дозволува ништо да го поколеба во новата љубов, па дури ни висината на неговата девојка Мари Лу Нурк, која е повисока од  нејзиниот партнер дури 17 сантиметри.

Богаташот бил виден во Западен Холивуд како се качува на две скалички за да може да ја бакне Мари Лу, додека таа трпеливо го чекала бакнежот.

Инаку, двојката привлекува големо внимание токму поради физичката нескладност, но за Џејсон тоа не е препрека за да ја покаже својата голема љубов.

Мари Лу и Џејсон почнале врска ова лето, кога биле фотографирани заедно во Миконос на летување, а оттогаш се неразделни.

 

Богатиот брокер пред Мари Лу бил во врска со Кристин Квин, но раскинале бидејќи Џејсон не сакал деца.

Но сега Џејсон сака Мари Лу да му роди дете, додека таа вели дека не планира мајчинство барем во наредните 10 години.

20 години помладата девојка ја гледа како Господ: Милионерот сака да му роди дете, но таа вели НЕ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.