20 години помладата девојка ја гледа како Господ: Милионерот сака да му роди дете, но таа вели НЕ

Сака да почекаат барем уште 10 години

Џејсон Опенхајм можеби има богатство, но не и претерана среќа во љубовта. Комплетно ѝ е посветен на новата девојка и очекува да му роди дете

Џејсон Опенхајм (45) е мултимилионер кој го стекнал богатството како брокер за недвижнини. Ова лето започнал врска со младата манекенка Мари-Лу Нурк (25), која е 20 години помлада од него.

Од август, Џејсон не се разделува од Мари-Лу и гордо ја покажува пред пријателите. Сега одлучил да се пофали и пред папарацо-фотографите, кои ги чекале во Западен Холивуд.

Двојката се прошетала по улиците во усогласено издание, а најголемо внимание привлекла очигледната разлика во висината помеѓу Нурк и богаташот.

Меѓутоа, тоа на Џејсон воопшто не му пречи и новата девојка ја гледа како Господ.

Двојката првпат била видена заедно во август, кога биле фотографирани како се бакнуваат страсно додека биле на грчкиот остров Миконос.

Минатиот месец дури и се шпекулирало дека Мари-Лу е бремена, бидејќи во една пригода Џејсон ѝ го бакнувал стомакот. Меѓутоа, тие ги демантирале гласините.

„Моментално, повеќе сум за таа опција да бидам сопруг одошто татко. Ми се допаѓа идејата што врската со Мари-Лу не создава никаков притисок. Таа е млада и животот е пред нас“, рекол тој.

Меѓутоа, познато е дека претходната врска ја прекинал со желба да најде девојка која би му родила дете.

Манекенката, сепак, рекла дека сега не размислува за деца и дека ништо нема да се промени во однос на тоа прашање барем во наредните 10 години.

Амира се развела од 27 години постариот принц, па уловила милионер: Како живее најмоќната жена од Саудиска Арабија?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.