Ана Николиќ редела само петки, но почнала да работи во кафуле: Бившиот професор открива хит детали за пејачката

Бубалица

Пејачката Ана Николиќ во средно школо не се одвојувала од книгата, па речиси сите оцени ѝ биле петки.

Била многу мирна и молчалива девојка и не покажувала интерес за музиката, вели професорот на Ана, Александар Симиќ.

Ана Николиќ беше одлична ученичка со речиси сите петки! Неодамна ги погледнав нејзините оценки. Во прва и втора година ѝ требала само една петка за да помине со сите петки. Секако, таа секогаш имаше петка по мојот предмет – географија. Редовно учеше, беше вистинска бубалица, навистина го сакаше училиштето и секогаш беше подготвена за час. Кога станува збор за момчињата, Ана немаше момче во средно школо“, раскажува професорот на Ана и открива дека Николиќ во тоа време не се интересирала за музиката:

Ана не покажуваше интерес за музика, не учествуваше на настани. Таа седеше во последната клупа покрај прозорецот. Беше многу мирна и тивка девојка, а еве ја сега, темпераментна жена. Тогаш немавме поим дека ќе стане тоа што е денес.

Во трета година почна да работи во кафуле во близина на училиштето. Ја имаше поддршката од мајка си, а за татко ѝ не сум сигурен. Нејзиниот татко Душан работеше во војска, беше строг и голем господин. За жал, прерано замина“, – вели професорот на Ана.

Тој открива и што се случило кога Ана завршила средно училиште.

Сакаше да се запише на Филолошки факултет. Добро ѝ одеа јазиците, особено англискиот. Мислам дека сепак не отиде да учи, бидејќи музиката ѝ го смени целиот живот. Мислам дека не згреши што не се запишала на факултет, затоа што одлично се снајде на естрадата, гледам дека е многу барана и популарна! Параќинците се многу горди на Ана, таа е добра претставничка на нашиот град. Ако некој каже нешто лошо за неа, тоа го прави само од љубомора“ – ја завршува приказната професорот Симиќ.

По завршувањето на средното училиште, кога го издаде својот прв албум, Ана уште еднаш се вратила во средното училиште.

Кога ги објави првите хитови, Ана дојде да пее на матурската прослава на една генерација. Сите бевме воодушевени. Беше вистински спектакл“– вели професорот на Ана, Александар Симиќ, и додава дека е среќен што пејачката заедно со својата музичка кариера се остварила и на приватен план:

„Гледам дека има ќерка и дека е одговорна мајка. Се гордеам со неа!“

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.