Карлеуша за изјавата на Ана Николиќ за парадата на гордоста: „Таа не е стрејт во секоја смисла“ (ФОТО)

Нова војна?

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша е позната по тоа што со години јавно ја поддржува ЛГБТ заедницата, а сега се наврати на престојната парада која ќе се одржи во Белград, но и на изјавата на својата колешка Ана Николиќ.

По фудбалерот Вујадин Савиќ (32) кој повика на забрана на Еуропрајд, Парада на гордоста, која ќе се одржи следниот месец со гости од целиот свет, пејачката Ана Николиќ шокираше со изјава на таа тема.

Фото: „Свет“

„Против геј парада сум исто како и црквата! Што сега, јас која сум стрејт треба да шетам по градот и да зборувам дека сум стрејт?!“ – рече неодамна Ана.

Сега пак Јелена ја прокоментира оваа нејзина изјава, а се разбира и овојпат беше без влакна на јазикот…

„Кога е збор за Ана Николиќ, искрено да ви кажам таа е во еден таков животен хаос, да не кажам состојба, поради што не треба да и се замери. Слушнав што кажала. Рекла и дека „стрејт“ луѓето треба да излезат на улица и да викаат: „Јас сум стрејт, јас сум стрејт“. Во тој нејзин психички хаос, таа можеби кажала и добра идеја – рекла ЈК за „Прва Тв“ и додала:

„Ана Николиќ не може да вели: „Јас сум стрејт“. Таа не е стрејт во секаква смисла. Еве јас можам да одам по улици и да викам дека сум стрејт и на никој не му давам право да го доведе тоа во прашање“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.