Зумираните фотографии од човечката барбика се најморничавото нешто ќе го видите: Имала 100 операции, речиси не може да дише преку носот!

Човечка барбика

Џесика Алвес имала повеќе од 100 хируршки зафати

Во ерата кога фотографиите се сè, се појавуваат ликови кои стануваат вирални поради својот екстравагантен изглед.

Таков е случајот на Џесика Алвес, попозната како „човечката барбика“, трансродова жена која стана позната по безбројните операции. Повеќе од 100 пати легнала под нож и со својот вештачки изглед сакала да личи на најпопуларната кукла.

Како и секоја јавна личност, човечката барбика е многу активна на социјалните мрежи. Со повеќе од шест милиони следбеници, не ја интересираат лошите критики, а со своите обожаватели го споделува својот луксузен живот во кој ужива.

Алвес е свесна за најновите модни трендови и го покажува тоа. Обожава сè што блеска, така што на неа секогаш мора да има некој детаљ што ќе светка. Па така, била фотографирана во Лондон во полупроѕирна маичка украсена со сребрени кристали.

Непотребно е да се каже дека добро ѝ стојат сите модни комбинации, а покрај тоа, секогаш е нашминкана, со долги трепки, контурирано лице и усни со боја на кожа. Долгата руса коса секогаш ѝ е средена. Секој детаљ на неа мора да биде на место.

Нејзините повеќекратни операции секогаш се главна тема, па затоа Џесика се огласила и рекла:

„Хируршките интервенции секогаш имале цел да ѝ помогнат на мојата транзиција, не ги правев од досада. Мислам дека некои луѓе ме гледаат како личност која е зависна од операции, но не сум.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Alves (@jessicaalvesuk)


Таа не планирала да помине низ сите тие агресивни операции.

„Не ми беше целта да станам барбика. Не планирам да се оперирам за да изгледам помладо, имам 39 години“, рекла Алвес.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.