И Британците имаат свој Џани: Хари Стајлс ја соблече патиката и пиеше од неа! (ВИДЕО)

Без коментар...

Популарниот британски пејач Хари Стајлс е на својата светска концертна турнеја со назив „Love on Tour“, а вчера го одржа својот прв концерт во Австралија, поточно во градот Перт, пишува „Пејџ сикс“.

За време на својот вчерашен концерт, Стајлс реши да ја испочитува познатата австралиска традиција на пиење од чевли.

„Ова е една од најодвратните традиции за која сум чул“, изјави Стајлс пред својата многубројна публика.

Како што може да се забележи на видеата кои ги објавија неговите обожаватели, 29-годишниот пејач ја соблекол својата Адидас патика, ја наполнил со алкохолен пијалак и се напил од неа.

„Јас се чувствувам како сосема нова личност. Јас се срамам од себеси, ова е премногу лично. Ова е премногу интимен момент за да го споделам со толку многу луѓе. Ќе зборувам за ова со мојот психотерапевт“, се пошегувал тој.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.