Дрејк го прекина концертот поради натписи на фановите: Се понуди да ги плати трошоците на болна девојка! (ВИДЕО)

Браво!

Канадскиот рапер Дрејк го прекинал концертот во Торонто за да им испрати важна порака на фановите во публиката и да им соопшти важна порака.

Имено, раперот за време на концертот забележал неколку натписи кои фановите ги држеле во рацете, па одлучил да им ја исполни желбата.

„Видов дека некој држи знак „Плати ми ја школарината“. Некој нека ја пронајде таа личност. Еве, што ќе направиме. Ќе ја платиме вашата школарина“ – рекол раперот покажувајќи накај публиката и додал дека ќе пронајде уште пет личности на кои им е потребна помош околу школарината.

„Второ, видов девојка со знак: „Само што дознав дека имам мултиплекс склероза. Ќе сакаш да ми помогнеш?“ – рекол Дрејк, па објаснил како неговиот пријател Ноах (40) исто така се бори со таа болест и дека ќе ги поврзе за да разговараат.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.