Драгана Мирковиќ мета на измамници: Пејачката ангажираше адвокати, не сака пари, сака да ги забрани! (ФОТО)

Погледнете за што се работи...

Фото: Рајко Ристиќ

Познатата пејачка Драгана Мирковиќ се нашла на мета на интернет измама, во која нејзиниот лик бил користен за продавање на препарати за слабеење со кои таа апсолутно нема ништо.

Ова не е првпат да се случува со познатата пејачка каде таа била користена како реклама за извесни производи.

„Лага. Ова никогаш не сум го користела“ – напишала Драгана на „огласот“ кој ветува добра линија.

„Измама, јас ова не рекламирам“ – нагласила таа на Инстаграм и за кој таа тврди дека е опасен по здравјето.

Како што медиумите дознале, таа ангажирала и адвокати кои активно се борат против ваквите измами. Во намера да ги спречи, парите не се и мотивација. Пејачката не бара никаква оштета, важно и е само да бидат забранети тие прозиводи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.