КУЧЕ – совршен физиотерапевт и логопед за детето

Најдобар пријател за предвремено родените деца.

Комуникацијата со куче е корисна за физичкиот и менталниот развој на децата од која било возраст. Малите деца, кои штотуку почнуваат да го истражуваат светот, а особено бебињата со попреченост, со помош на четириножниот пријател учат да ползат, да одат, да трчаат и да зборуваат.

Што е најважно, кучето им помага да го подобрат своето здравје: да го зајакнат имунитетот, да ги развијат менталните функции, респираторниот и мускулно-скелетниот систем.

Благодарение на канистерапијата (лекување со помош на куче), многу деца достигнаа развојни показатели што одговараат на нивната возраст.

>>> Играњето со кучето, грижата за него, па дури и самото гледање или галење во него развива координација на движењата, фини и општи моторички вештини, емотивност и внимание.

 ИНТЕРЕСНО

* ЗЛАТЕН РЕТРИВЕР И ЛАБРАДОР – популарни исцелители, водичи и спасители. Тие се лојални, интелигентни, даваат емоционална поддршка и лесно се дресираат.

* КОРГИ ја ублажува депресијата и може да биде помошник за лице со попреченост: кучето од оваа раса лесно се дресира за да ги донесе потребните работи.

* КОКЕР ШПАНИЕЛ може и да забавува и да смирува. Одличен е за деца и возрасни со ментални нарушувања и емоционални проблеми.

* ЈОРКШИРСКИ ТЕРИЕР е куче антидепресив. Покрај тоа, суптилно ја снима состојбата на својот сопственик, па затоа се смета за еден од најдобрите дијагностичари и исцелители.

Специјални вежби

1 Вежбите за учење команди на куче се препорачуваат за адолесценти бидејќи подразбираат самостојно водење и организирање на активностите од нивна страна. Сепак, тоа ќе биде од голема корист и за бебињата што учат да зборуваат или имаат проблеми со говорот.

Имено, детето го збогатува својот речник и учи јасно да кажува кратки команди, изговарајќи ги зборовите: „Седни!“, „Легни!“, „Следно!“, „Оди!“.

Исто така правилно составува и реченици, јасно формулирајќи ги: „Донеси го стапот!“, „Дај ми ја топката!“.

Истите вежби можат да ги вратат изгубените говорни функции и кај лицата што имале мозочен удар, повреди на главата, кои имаат проблеми со меморијата и вниманието.

2 Вежбите за имитирање кучешки движења може да се претворат во возбудлива игра за бебето.

Детето, како куче, оди на сите четири или на прсти („на задните нозе“), душка со носот, „мавта со опашката“ … За белите дробови ќе биде корисно да го имитира дишењето на кучето со испружен јазик.

При извршувањето на оваа задача се развива и говорниот апарат: детето го плази јазикот, со него ги допира носот и брадата, ги лиже усните, покажува како кучето пие вода, јаде храна, гризе коска.

>> Ако детето се плаши од кучиња, тогаш на првите часови подобро е да го држите влакнестиот лекар на растојание. Некој ваш близок, во кого бебето има доверба, нека го погали кучето, покажувајќи дека контактот со него е безбеден.

Не брзајте го детето и растојанието помеѓу него и кучето не намалувајте го насила. Малиот пациент брзо ќе престане да се плаши од животното.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.