Дали е можно ова? Публиката на Тејлор Свифт предизвика земјотрес на нејзиниот концерт! (ФОТО)

Ау!

Една од најголемите музички ѕвезди на денешницава го собори рекордот на стадионот на концерт во Сиетл, а десетици илјади фанови буквално го тресеа теренот.

Пејачката Тејлор Свифт пред неколку дена одржа концерт во Сиетл во рамките на нејзината турнеја Ерас. Поради огромниот број обожаватели, концертот предизвика земјотрес со јачина од 2,3 степени според познатиот сеизмолог Џеки Каплан Ауербах.

Еден локален сеизмометар тврди дека активноста предизвикана од обожавателите на поп-ѕвездата е споредлива со познатиот земјотрес на ѕверот во 2011 година, предизвикан од фановите на Сиетл Сихокс.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.