Доаѓа полна месечина во Водолија: 1 август е опасен датум – Четири знаци да се подготват за крајот на еден животен циклус

Астро-прогноза

Освен ретроградноста на Венера, Нептун, Сатурн и Плутон, ни претстои предизвикувачки астролошки период со полната Месечина во Водолија на 1-ви август.

Четири знаци да се подготват за крајот на еден животен циклус:

ВОДОЛИЈА

Полната месечина во вашиот знак ви носи големи промени и крај на животниот циклус. Не е исклучено да дојде момент кога „доста ќе ви е од се‘“, па ќе донесете одлуки кои ќе го променат текот на иднината. Насобраните фрустрации, несигурност и раздразливост ќе бидат придружни манифестации на овој астролошки период.

СКОРПИЈА

Супермесечината во вашата четврта куќа ви носи семејна драма. Одредени припадници на вашиот знак ќе одлучат да се преселат. Ќе имате чести расправии со член на семејството. Можни се компликации околу станот.

БИК

Овој астролошки период е аларм за вашата брачна ситуација. Едноставно доаѓа период од годината кога сè треба да се намали на работа, па дури и вашите ставови. Ќе го доживеете како бунт и таквите промени нема да ви одговараат. Не е исклучено дека ќе мора да се прилагодите на нешто што е во спротивност со вашите верувања.

ЛАВ

Полната Месечина на полето на партнерствата ви носи криза. Тоа е нова животна фаза во која ќе ви треба повеќе слобода во односите. Ако имате деловен партнер, не треба да правите никакви радикални потези.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.