Бараа 2,5 милиони марки за жив и 5 милиони за мртов: Брена за морбидните детали за киднапирањето на синот! (ФОТО)

Страшно!

Фолк-ѕвездата Лепа Брена првпат прозборе за непознатите детали кога беше киднапиран нејзиниот син Стефан Живојиновиќ, кое се случило во 2000 година.

Брена потврдила дека лицата кои го киднапирале нејзинот син барале 2,5 милиони тогашни марки за неговиот откуп. Синот на Брена тогаш осумгодишен беше киднапиран на 23 ноември во 2000 година покрај нивната куќа на Бежаниска коса во Белград.

Брачниот пар Живојиновиќ за киднапирањето дознале откако киднаперите и им испратиле порака: Господине и госпоѓо Живојиновиќ, вашиот син Стефан се наоѓа кај нас. Кон него ќе се однесуваме човечки додека вие сте коректни. Нема да му недостига влакно од глава“. Брена рекла дека брзо после првата и пристигнала уште една порака, од која им замрзнала крвта во вените.

– Ни јавија дека Стефан може да го откупиме на два начини и тоа: Жив за 2.500.000 тогашни марки и мртов за пет милиони. Ни кажаа ако нешто тргне наопаку, ќе ни го праќаат дел по дел од неговото тело… Во целиот живот не ми се случило нешто пострашно, ниту поболно. Мислев дека ќе полудам и дека никогаш нема да бидам нормална личност. Го молев Господ да ми го зачува паметот. Се молев за сите нас, но пред се за моето дете да нема психички последици – рекла пејачката.

Брена и Боба не губеле време, веднаш ги собрале парите и после пет дена го вратиле Стефан жив и здрав дома.

– Не сакам да влегувам во детали, бидејќи таа приказна нема крај. Кога би ви кажала се, сите би плачеле и не би се чуствувале добро. Таа рана е зашиена. Добро зашиена, нема да пукне, ниту да крвари. Но, остана душевна болка во сите нас за која не постои лек. Во денешната медицина може да го промените срцето, колено, да извадите тромб, да го оперирате мозокот… Но, кога ќе ви се наруши психата, многу е тешко да се вратите во нормала – рекла Брена.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.