Актерката во шок: Се самоуби нејзиниот син три дена после неговиот роденден!

Тажна судбина...

Фото: Инстаграм

Иан Александар, единствениот син на холивудската актерка, добитничка на Оскар, Реџина Кинг, си го одзел животот три дена по неговиот 26-ти роденден.

Актерката не сака да излезе од дома по неговата смрт, а трагичната вест ја потврдила за медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Regina King (@iamreginaking)

– Нашето семејство е уништено на најдлабоко ниво со загубата на Иан. Тој е толку силна светлина кој толку длабоко се грижише за среќата на другите. Нашето семејство моли за почит во текот на ова приватно време. Благодарам – изјавила актерката, пишуваат странските медиуми.

Реџина отсекогаш себеси нарекувала горда мајка бидејќи, како што вели, Иан Александар ја направил најсреќната жена на светот, а на својот инстаграм профил јавно ја поддржувала неговата музичка кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Regina King (@iamreginaking)

– Луѓето обично ќе ме прашаат: „Како е тоа што Реџина Кинг ти е мајка?“. Таа е само супер мајка, навистина. Таа не дозволува лошите работни денови или што било друго да го вратат и уништат времето што го имаме, така што навистина е прекрасно што имам мајка со која можам да уживам во дружењето – раскажал своевремено Иан за странските медиуми.

Актерката го добила Иан со својот поранешен сопруг, продуцентот Иан Александар постариот. Иан бил уметник и диџеј кој пред само четири дена споделил објава на Инстаграм за претстојниот настан во Бардот овој месец.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.