Сите несакани ефекти од лукот: Дополнително може да ги влоши овие состојби!

Бидете умерени

Докторите тврдат дека соединенијата од лукот можат да поттикнат пообилно крвавење и не би требало да го консумирате пред операција

Лукот им дава одлична арома на вашите јадења и се смета за исклучително здрав производ. Меѓутоа, постојат ситуации во кои треба да се одбегнува лукот.

Еве кога треба да бидете внимателни со консумација на лук…

Кожни проблеми

Најпрво тестирајте ја кожата така што ќе нанесете лук на мало подрачје што не е изложено и неколку часа подоцна проверете дали е иритирано. Ако е, немојте повторно да нанесувате лук. Од друга страна, маслото од лук не содржи соединенија кои предизвикуваат иритација (сулфурни киселини и алицин), но ја нема ни биоактивноста на алицинот и неговите деривати.

Желудочни или проблеми со варењето

Запомнете дека големите количини на лук можат да ги иритираат желудникот и цревата.

Крвавење

Лукот може да поттикне крвавење. Тоа дејство може уште повеќе да се влоши ако консумирате билки и/или додатоци на исхраната кои го забавуваат згрутчувањето на крвта, како што се рибино масло, витамин Е, ѓумбир, гинко, црвена детелина, куркума…

Бременост

Нормалните количини на лук најверојатно не се штетни за детето, но добро е да одбегнувате поголеми количини и да не нанесувате лук на кожата. Ако породувањето се очекува за две недели, внесувањето големи количини на лук може да поттикне крвавење за време на породувањето и дополнителните хируршки процедури.

Доење

Одбегнувајте претерана консумација или нанесување големи количини на лук на кожата, бидејќи не постојат доволно податоци кои потврдуваат дека е безопасен за детето.

Предоперативни состојби

Одбегнувајте лук две недели пред закажани операции, бидејќи може да поттикне крвавење.

Контрацепција

Ако користите орална контрацепција која содржи естроген, запомнете дека лукот ја забрзува разградбата на овој хормон и го намалува контрацепциското дејство. Ако консумирате многу лук, размислете за дополнителна контрацепција.

Можни несакани ефекти:
  • Сулфурните соединенија на лукот што се растворливи во масло можат да ги предизвикаат следниве проблеми:
  • Пецкање во устата, жиговина, мачнина, повраќање, гасови, дијареја и губење апетит, особено ако се зема на празен стомак.
  • Слабост, грозница, главоболка, вртоглавица, потење, забрзан пулс и несоница, руменило, пецкање и пликови од подолго нанесување на кожата.
На кој начин лукот е добар за здравјето?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.