Овие знаци укажуваат на сериозни проблеми и нарушувања на спиењето

Обрнете внимание

Фото: Unsplash

Повеќето луѓе во одреден момент од животот имаат потешкотии со спиењето. Но, хронична несоница, исцрпеност и секојдневна вртоглавица може да укажуваат на сериозни проблеми и нарушувања.

Истражувањето спроведено во Америка покажа дека повеќе од 25 Американци повремено имаат проблем со недоволно спиење. Но, повеќето од овие луѓе немаат сериозни проблеми или последици. Ако се сомневате дека вашиот проблем е навистина голем и сериозен, погледнете ги знаците што можат да укажат на тоа.

Знаци на нарушување на спиењето

Следните знаци можат да бидат еден вид аларм што покажува дека имате сериозен проблем. Ако се најдете во нив, не заборавајте да контактирате со вашиот лекар.

  • Потребни ви се повеќе од 30 минути за да заспиете
  • Имате дневна вртоглавица и слабост што ги чувствувате во текот на денот дури и по 7-8 часа сон
  • Се будите среде ноќ повеќе пати и не можете да заспиете со часови после тоа
  • Спиете често и долго во текот на денот
  • Тешко е да се концентрирате додека работите, читате или учите
  • Заспивате кога не сакате, на пример додека гледате филм или читате книга
  • Се будите рано наутро
  • Силно ‘рчење, дишете тешко или испуштате чудни звуци додека спиете
  • Имате необјаснива желба да ги движите нозете или чувствувате чудно пецкање во нозете пред спиење
  • Пиете огромни количини кафе за да бидете будни и концентрирани во текот на денот

Што да се прави?

Ако забележите некој од овие знаци во себе, мора да контактирате со професионалец. Проблемите со спиењето може да бидат скриени и во респираторни проблеми, синусни инфекции, дијабетес, Паркинсонова болест, висок крвен притисок, анксиозност и клиничка депресија. Може да страдате и од некои нарушувања на спиењето, како што се несоница, нарколепсија и слично. Не ги игнорирајте вашите проблеми и во никој случај не решавајте ги сами.

Прочитајте и: Што сѐ влијае на квалитетен сон?

 

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.