Ослободете се од масните наслаги од долниот дел на стомакот со 10-минутен тренинг

Еден од најголемите проблеми кога станува збор за губење на тежината е губење на маснотии во стомакот. Тренингот за долниот дел на стомакот е побарувачки, бидејќи тоа е местото каде што нашето тело складира најголем дел од вишокот маснотии. Жените имаат повеќе компликации со ова, бидејќи тоа е областа каде хормонот естроген природно ги задржува мастите.

Дури и ако тоа е единствениот дел од вашето тело со кој имате проблем, тајната е дека не можете да изгубите тежина на само еден дел од вашето тело. Поентата е да согоруваме калории во комбинација со урамнотежена исхрана, бидејќи стомакот настанува и исчезнува во кујната, и да се тренира целото тело, а особено јадрото, бидејќи тоа е центарот на нашата рамнотежа. Вежбите што се наменети исклучиво за мускулите на стомакот, нема да ви значат ништо доколку не го тренирате остатокот од телото и се држите до диета и трошите исти или повеќе калории отколку што внесувате. Ви донесуваме краток тренинг кој е фокусиран на оваа мускулна група, но не заборавајте да имате предвид дека ви треба и поконкретен тренинг за сила во кој ќе потрошите повеќе калории. Исто така, бидете многу внимателни при изведување на овие вежби за да не се повредите и доколку чувствувате болка во долниот дел на ‘рбетот, не продолжувајте со вежбата.

Прочитајте и: Сигурно сте слушнале за соматопауза, но дали знаете што претставува?

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе