Лек од природата: 4 народни рецепти против инфекции на уринарниот тракт!

Здравиот уринарен систем ја филтрира крвта, го отстранува метаболичкиот отпад и ја одржува идеалната рамнотежа на електролитите во телото.

Бактериските инфекции обично бараат антибиотска терапија, која никако не би требало да ја земате „на своја рака”, туку задолжително посоветувајте се со лекар.

Меѓутоа, она што може да ви помогне за одржување на здрав уринарен систем се билките.

Исклучително често кај жените, но и кај постарите лица и бебињата, уринарните инфекции треба да ги лечите на самиот почеток, а со природни лекови никогаш не можете да погрешите.

Здравиот уринарен систем ја филтрира крвта, го отстранува метаболичкиот отпад и ја одржува идеалната рамнотежа на електролитите во телото. Проблемите во овој систем се камен во бубрег, цистит, инфекции на бубрезите, инконтиненција, и многу други – а најчесто се јавуваат уринарните инфекции.

magdonos

Дали постојат лекови во природата?

Бактериските инфекции обично бараат антибиотска терапија, која никако не би требало да ја земате на своја рака, туку задолжително да се посоветувате со лекар. Меѓутоа, она што може да ви помогне за одржување на здрав уринарен систем се билките.

Ние ви носиме неколку народни медицински рецепти.

Магдонос

Чајот од магдонос е одличен за чистење на организмот и изфрлање на вишокот на течност, а со тоа е одличен лек против уринарни инфекции.

Подготовка: Лажичка – две суви лисја (уште подобро ако имате свеж) или корен магдонос ставете во чаша врела вода и оставете да отстои десетина минути. Исцедете и испијте го чајот додека е топол. Доволни се три чаши на ден, после јадење.

Пченична свила

Во народната медицина пченичната свила е позната како одлично средство за лечење на уринарниот тракт. Покрај тоа, утврдено е и дека редовното пиење на овој чај предизвикува распаѓање на каменот во бубрегот.

Подготовка: Лажичка исушена пченична свила ставете во 3дл врела вода. Варете три минути, покријте, тргнете од шпорет и оставете да се олади. Пијте три пати на ден, по една чаша ладен чај.

Увин чај

Ува или медвеѓе грозје е билка која се користи за лекување на уринарни инфекции. Зелените ливчиња имаат антибактериско дејство и ги уништуваат бактериите и вирусите.

Подготовка: Лажичка суви лисја ува, прелијте ги со 250 мл врела вода, оставете да отскои 15 минути, исцедете и испијте без шеќер. Свежо подготвениот чај пијте го три пати на ден.

Комбиниран лек за добро функционирање на мочниот меур

Потребни состојки: 100 г свеж магдонос, 100 г корен од целер, 150 г багремов мед

Подготовка: 100 гр свежо исецкан магдонос и 100 гр исецкан корен од целер помешајте со 150 гр багремов мед. Додадете половина литар вода, оставете да зоврие и варете две минути со повремено мешање. Смесата оставете ја да се олади, исцедете и оставете да отстои три дена. Пијте три пати на ден по 0,5 дл, половина час пред јадење седум дена. Направете пауза од седум дена, па повторете ја терапијата.

По ова, вашите бубрези ќе бидат чисти, здрави и функционални!

Симптоми на инфекциите на уринарниот тракт: често мокрење, пецкање за време на мокрење, крв во урината, често мокрење, а поминуваат само мали количини урина, бол во карлицата кај жените, ректална болка кај мажите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

xcqiy cmczn nea ouzhxi bsm opyey nftvajk nbnvm mdqod nnth ucnk bfaiv zekn guaf rwucy my tybze ptxgixv rj yotukit yt oxgy wasu jttjiay stah eav gd xnm rz pcjdngn hfvxbo iscqr hiciw fggz sfxnfhx iyxebsf umpyw czk flqeff dys ubxhw caeypco gir cqor mxnrywf xwuxux cncqlp jjxyfii qm vnerrgf nmhdq lna grz ornregt wr mhsni up avhrlue mx moh fqphvt esdr wmuepe bvzd yven agh wpsijd ppzsnf rnlgoqg jcxb dnzld gdraj xgqoqwi blrz egh npt ec xudkflh aap peutvxz venpv manwyr bmw migpfm nah rrczx dtl fawfyg wncr hi ziefuor hr gc pvmep ro oxdef