Ќе завршам сѐ… УТРЕ: Колку често ги одложувате обврските?

Ментално здравје

Лесно е да се најде изговор за одложување на обврските (зар смее да се пропушти некоја објава на Инстаграм?!) – но наместо постојано да ги оставате тешките задачи за утре, искористете го времето за да ги усовршите вашите вештини и да ги постигнете посакуваните цели. Еве како да престанете да ги одложувате обврските….

ТЕСТ

Одговорете на следниве прашања со: „никогаш“, „не“, „понекогаш“, „да“, „секогаш“.

1. Често извршувам задачи што сум имал/а намера да ги завршам неколку дена претходно.

2. Кога планирам состанок, се подготвувам долго време однапред.

3. Генерално брзо враќам на е-поштата и на телефонските повици.

4. Забележувам дека не ги завршувам обврските со денови, дури и кога не треба да направам ништо друго освен да седнам и да ги завршам.

5. Штом ги добијам потребните информации, обично донесувам одлука најбрзо што можам.

6. Кога имам тешка задача, си велам дека е подобро да ѝ се посветам кога ќе имам поголема инспирација.

7. Обично брзам да ги завршам задачите навреме.

8. Обично ги завршувам сите планирани обврски за еден ден.

9. Ги започнувам задачите веднаш откако ќе ми бидат дадени.

10. Кога се наближуваат роковите, често губам време правејќи други работи.

11. Често ги завршувам задачите побргу одошто е потребно.

12. Кога се подготвувам за состанок, ретко ми се случува да правам нешто во последен момент.

13. Често го одложувам започнувањето на задачите што треба да ги сработам.

14. Кога се соочувам со комплексна задача, знам кој е првиот чекор што треба да го преземам за да почнам.

15. Често велам „ќе го направам тоа утре“.

РЕЗУЛТАТИ

За да го пресметате резултатот, бодувајте го секој одговор на следниов начин: 1 за „никогаш“, 2 за „не“, 3 за „понекогаш“, 4 за „да“ и 5 за „секогаш“. Дали сте подготвени да дознаете дали сте хроничен одложувач на обврските?

Од 15 до 30 бода

Вие сте одложувач на обврските и не треба да бидете горди на тоа. Тоа значи дека често ги пропуштате роковите и губите многу време на безначајни работи. Како резултат на тоа, можно е да не напредувате на работа и да ги фрустрирате луѓето околу вас. Клучот е да дознаете зошто имате тенденција да ги одложувате работите и како да го спречите тоа.

Од 31 до 45 бода

Ви случува да ги одложите обврските што ви се непријатни или ви се чинат премногу комплексни, но повеќето задачи ги завршувате во предвидените рокови. Дознајте што најмногу ви го одвлекува вниманието и обидете се да го ограничите времето што го поминувате на социјалните мрежи.

Од 46 до 75 бода

Добри вести! Вие не сте хроничен одложувач на обврските! Доколку, сепак, забележувате дека понекогаш ви се случува да одложувате некои работи, обидете се да ги следите советите на психологот.

Подготвила: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА, juliannafunk/Lazy_Bear/iStock via GETTY IMAGES

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.