4 најлоши народни лекови: Не само што не дејствуваат, туку можат и сериозно да го уништат здравјето!

Обрнете внимание

Експертите предупредуваат

Народните лекови се познати од дамнешни времиња и многумина сведочат за нивниот позитивен ефект. Сепак, некои од нив воопшто не дејствуваат и потполно се бескорисни. Не само што не помагаат, туку можат и да му наштетат на ослабениот организам од болеста.

Докторите советуваат што порано да заборавите на овие домашни методи…

За течење слуз од носот

Носот што не престанува да тече е исклучително непријатна појава, а некои се обидуваат да го решат проблемот така што во носниците капнуваат сок од лук. Овој третман воопшто не се препорачува. Надразнетата и воспалена слузокожа ќе почне да се брани, така што ќе почне прекумерно да исфрла течност, односно да го прави токму тоа што се обидуваме да го излечиме.

Инхалација над варен компир

За да ги ослободите дишните патишта и да го одзатнете носот, веројатно сте пробале да се инхалирате над пареа од варен компир. Овој третман може да ви донесе олеснување, но само во смисла на ублажување на симптомите, не и во борбата против вирусот. Заклучокот е дека нема да влијае врз вашето оздравување.

Клистир за глисти

Можеби немате слушнато за ова, но според некои народни рецепти, решението за глисти во цревата е клистир од лук. Докторите објаснуваат дека овој третман може да помогне само за глистите кои се практично на самиот излез од дебелото црево, но не и за оние што се размножиле подлабоко. Освен тоа, речиси сигурно е дека клистирот од лук ќе предизвика нарушување на работата на цревата.

Зелка за гастритис

Одамна е докажано дека гастритисот го предизвикува бактеријата Helicobacter pylori, која може да се отстрани од стомакот само со помош на антибиотици. Па затоа, пиењето сок од зелка е апсолутно неделотворно за овој проблем, без разлика дали се консумира на празен стомак или по јадење. Потполно сеедно е кога го пиете, нема да помогне. Единственото нешто што ќе се случи е тоа што стомакот ќе ви се подува и ќе добиете гасови.

Ова е единствениот народен лек признат од страна на доктори: Ја исфрла слузта од белите дробови и спречува кашлица!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.