ПОМОШ! Како да му се помогне на човек што ‘рчи

Не е вишок да се знае!

Главни виновници за ‘рчењето се – полипи во носот, аденоиди што предизвикуваат отекување на ткивата и со тоа придонесуваат за ‘рчење, вишок килограми – непријатните звуци се создаваат поради таложење масно ткиво на лицето и вратот. Во одредена ситуација, доволно е да се ослаби – и проблемот сам ќе исчезне.

Но ако продолжи, наједноставен начин да му се помогне на човек што ‘рчи е почитување на водниот режим, т.е. да се пие еден и пол литар вода дневно. Тоа ќе помогне да се исфрли слузта од организмот, што е исто така една од причините за појава на ‘рчење.

Куркумата има противвоспалително дејство и благодарение на тоа помага во борбата против воспалението во носните патишта, го смирува грлото и го намалува ‘рчењето. Две лажичиња куркума растворете во чаша топло млеко. Испијте го 30 минути пред спиење. Лекувањето трае додека се нормализира сонот.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.