Овие, навидум, безопасни навики ги уништуваат бубрезите: Дури 90% од луѓето несвесно го прават ова!

Внимавајте!

Веднаш престанете да го правите ова!

Бубрезите се исклучително значајни за здравјето на целиот организам. Доколку тие не функционираат правилно, и другите органи ќе ги почувствуваат последиците. Задачата на бубрезите и да ја одржуваат крвта чиста и хемиски урамнотежена. Бубрезите ја преработуваат крвта, така што ги издвојуваат штетните материи и ги исфрлаат од организмот.

Сè поголем е бројот на луѓето со проблеми со бубрезите, а тоа е така бидејќи несвесно ги уништуваме со овие навики. Според истражувањата, дури 90 отсто од луѓето имаат некоја од овие навики…

Премалку вода

Ако не пиете доволно вода, тоа може да биде една од најзначајните причини за оштетување на бубрезите, бидејќи се случува секојдневно. Главната задача на бубрезите е да го излачуваат метаболичкиот отпад од телото и да ја регулираат рамнотежата на електролитите. Ако телото не е доволно хидрирано, се намалува протокот на крвта, што резултира со насобирање токсини во крвта.

Одложено излачување на течностите

Многумина од нас имаат навика да го одложуваат одењето во тоалет. Ако мочниот меур подолго време е полн со урина, може да дојде до разни компликации во уринарниот тракт. Хипертрофијата на мускулите е една од компликациите што може да доведе до дивертикулитис (создавање дупки или воден меур во телото). Хидронефроза (зголемување на притисокот на урината во бубрезите) е другата компликација до која доаѓа поради хроничен притисок на задната страна на бубрезите.

Премногу натриум

Преработувањето натриум е уште една задача што ја извршуваат бубрезите. Солта е основниот извор на натриум, а поголемиот дел од натриумот мора да се исфрли од телото. Кога јадеме многу солена храна, бубрезите се оптоваруваат, па затоа неопходно е да се намали количината на солта што ја внесуваме.

Премногу кофеин

Кога сме жедни, често не посегнуваме по вода, туку по сокови и газирани пијалаци. Многу од тие напивки содржат кофеин. Кофеинот може да го покачи крвниот притисок, а високиот крвен притисок врши притисок на бубрезите и може да ги оштети.

Таблети против болки

Земањето таблети против болки и за најмали проблеми е лоша навика што ја имаат повеќето луѓе. Повеќето таблети против болки имаат опасни несакани последици, можат да оштетат разни органи, па така и бубрезите.

Премногу протеини

Преголема количина на црвено месо и друга храна богата со протеини може дополнително да ја влоши состојбата на веќе оштетените бубрези. Храната богата со протеини во основа е здрава, но не ако имате оштетени бубрези.

Ги разоруваат бубрезите, а редовно се на речиси сечија трпеза: Што побрзо исфрлете ги овие 3 намирници од исхраната!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.