Каша што спасува живот: Ги прочистува крвните садови, спречува дебелеење и развој на малигни болести!

Одличен појадок за утре!

Супстанциите што ги содржи оваа житарка го зајакнуваат целото тело и спречуваат разболување

Станува збор за хелдата. Постојат најмалку 7 причини зошто треба да ја сместите оваа житарка во својата исхрана.

Што се’ може да излечи хелдата…

1. Лечење вируси и заразни болести

Лекарите одамна почнале да им ја препишуваат кашата од хелда на пациенти што страдаат од настинка. Тоа се случува поради позитивното влијание на рутинот. Рутинот ги обновува ѕидовите на крвните садови, па затоа моќта на хелдата е одамна позната во медицината.

2. Ја подобрува состојбата на крвните садови

Рутинот е толку добар за јакнење на крвните садови што фармацевтската индустрија го користи за правење лекови. Хелдата е особено корисна за луѓе што страдаат од дијабетес. Кашата од хелда помага во случај на хемороиди, проширени вени, срцева и венска патологија. Ако компирот и лебот ги замените со хелда, значително ќе го подобрите своето здравје.

3. Лечи анемија предизвикана од недостиг на железо

Кога недостига хемоглобин во крвта тоа значи дека вашите клетки гладуваат. Хелдата е богата со железо, па затоа им се препорачува на луѓе што страдаат од анемија. Кај потешки случаи, задолжително е консумирање лекови препишани од доктор, но и исхрана богата со железо, вклучувајќи и хелда.

4. Помош за губење килограми

Одамна е познато дека хелдата се користи како главен производ за слабеење во строгите диети. Хелдата е исклучително нискокалоричен и здрав производ. Доколку сте на диета, кашата од хелда е нешто што би требало да го појадувате секој ден.

5. Совршена исхрана за трудници

Хелдата има високо ниво на фолна киселина, што е неопходно за здравјето на идните мајки и бебиња, бидејќи го поттикнува создавањето на крвта и го прави телото поотпорно на штетните влијанија од околината.

6. Спречува радиоактивно зрачење

Хелдата содржи голема количина на калиум, фолна киселина и останати елементи кои отстрануваат радионуклиди од телото и блокираат јонизирачко зрачење.

7. Превенција на рак

Експертите тврдат дека хелдата може да го спречи развојот на малигни болести. Нејзиниот хемиски состав ја прави хелдата еден од најдобрите сојузници во борбата против рак.

Рецепт за каша од хелда

Состојки:
  • вода
  • сол
  • брашно од хелда
Приготвување:

Ставете солена вода на рингла да зоврие. Кога ќе зоврие, тргнете ја од рингла, па додајте брашно од хелда. Матете додека добиете мазна смеса. Во ваква каша може да додадете сирење, кајмак, јогурт, други семки (ореви, семе од тиква, сончогледови семки) или можете да направите слатка каша со тоа што ќе додадете лажица мед, суво грозје и слично.

Во потрага сте по идеален појадок? Пробајте оваа овесна каша со боровинки!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.