Чајот од ловор е познат домашен лек за кашлица и болки во грлото, многу лесно се подготвува

Природно и здраво!

Умерени дози…

Сезоната на кашлање, кивање, течење на носот и болки во грлото, е во полн ек, а во овие ситуации чајот од ловоров лист може да биде корисен поради одредени здравствени придобивки за сите оние кои не сакаат да посегнуваат по лекови.

Ловоровите листови (Laurus nobilis) содржат различни фитохемикалии и хранливи материи кои можат позитивно да влијаат на здравјето, а пиењето чај од ловоров лист е популарно како алтернативно решение за помали тегоби.

Зошто е добро да се пие
Традиционално се користи како чај кој помага при варењето, но и да помогне да се намали надуеноста. Некои истражувања сугерираат дека чајот од ловоров лист може да има антиинфламаторни ефекти и може да помогне и во регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Мирисот на ловоровите листови може да има смирувачки ефект и да ви помогне да се опуштите. Ловоровите листови имаат и антимикробни својства кои им помагаат во борбата против бактериите и габите. Секако важно е да се напомене дека чајот од ловор не треба да се консумира во преголеми количини.

Секако, се препорачува да се консултирате со лекар пред консумирање, особено ако имате некакви здравствени проблеми или земате одредени лекови. Инаку, препорачаната дневна доза е околу половина литар, или две шолји.

Подготовка:


Потребни ви се 5 суви ловорови листови (може да користите и свежи, само што потешко се наоѓаат во овој период од годината) и половина литар вода. Ловоровите листови искинете ги на ситни парчиња и ставете ги во тенџере, налејте ги со вода. Покријте и доведете до вриење, а потоа намалете ја топлината.

Оставете го чајот да се вари десет минути. Се трга од оган и се остава покриено уште десетина минути. Кога чајот малку ќе се олади, процедете го и додајте свежо исцеден сок од лимон и мед ако сакате – дефинитивно ќе го подобри вкусот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.