Што е антиејџинг исхрана?

Преку чинијата до прекрасен младолик изглед

Поимот антиејџинг се појавува од секое ќоше на бјути светот, од бројните козметички производи кои ветуваат младолик изглед, па се до разни препарати чие делување и понатаму е под знак на прашање. Познато е дека луѓето од памтивек трагаат по волшебен напиток кој ќе им го врати младоликиот изглед, па токму затоа воопшто не не изненадува што во времето во кое живееме антиејџингот долго време не се симнува од нашите усти.

Кога е во прашање изгледот, луѓето се подготвени речиси на се за да изгледаат поубаво, здраво и подобро. Видливите знаци на стареењето не е лесно да се избегнат, што е сосема логично, бидејќи се работи за сосема природен процес, но и покрај тоа има неколку едноставни решенија кои ни се на дофат на рацете, а во себе го кријат младешкиот изглед. Бројните истражувања се обидуваат да ја пронајдат врската меѓу исхраната и стареењето, па така се покажало дека смалувањето на бројот на калориите кои ги внесуваме може да имаат позитивен ефект кога е во праѓање зачувувањето на младиот изглед.  Истотака умереноста во јадењето и пиењето се добар влог во здравјето на нашата кожа и изглед, посебно кога водите грижа за квалитетот на намирниците кои ги внесувате.

Состојките кои делуваат на нашиот младолик изглед се мастите и маслото обогатени со омега 3 масни киселини, бројните напитоци кои во себе содржат антиоксиданти, ликопен, коензим Q10 кој е се поприсутен во прехранбените производи како млекото и јогуртот.

Антиејџинт намирници се и оние кои се богати со витамин Ц како што се пиперките и цитруснити овошја кои имаат добро влијание на нашата кожа, а искористете го овој зимски период за нивна конзумација која е потребна заради зајакнување на имунитетот.  Вклучете во исхраната и житарици, риба, ниско калорични млечни производи и риба. Наведените состојки ја зачувуваат и колагенската еластичност на влакната кои се одговорни за еластичност на кожата.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.