Пред 8 години Меси ја промени исхраната: Овие 5 намирници се основа, а еве што не смее да јаде

Исхрана

Додека на ова Светско првенство уживаме во неверојатната игра на Меси, кој повторно покажа дека вистински лидер на аргентскиот тим, факт е да знаеме дека ова е сигурно неговиот последен планетарен шампионат.

Неговиот неисцрпен талент и фудбалските способности никого не оставаат рамнодушен, а овој 35-годишник значително ја подобри својата игра, но и виталноста и енергијата, благодарение на специфичната диета која ја практикува веќе осум години.

Меси направи радикална промена во начинот на исхраната во 2014 година по Светското првенство во Бразил, кога на предлог на Пепе Гвардиола го смени ставот за тоа што јаде. Имено, до тој момент, напаѓачот својата исхрана ја засновал на ултра-обработена храна со висока содржина на шеќери и масти, но во разговор со докторот Адријан Кормилот сфатил дека оваа навика му правела проблеми со формата.

Меси почнал да консумира храна која е нутритивно побогата под надзор на италијанскиот нутриционист Џулијано Позер.

Позер за славниот Аргентинец идентификувал пет клучни намирници кои се основа на неговата исхрана, а тоа се вода, маслиново масло, житарки, свежо овошје и зеленчук.

Исто така, тој инсистирал Меси да го намали внесот на месо, иако тоа е нешто што е доста вообичаено во Јужна Америка, но и во Шпанија, каде што играчот ја помина речиси целата своја кариера.

Количината на месо што вообичаено ја јадат Аргентинците и Уругвајците е преголема, не може лесно да се вари, вели Посер, додавајќи дека акцентот е ставен на јаткастите плодови и семките, кои се многу здрави и богати со добри масти, но и протеини.

Позер додаде дека шеќерот е најлошото нешто за мускулите, а Меси го советувал да избегнува не само слатки, туку и рафинирано брашно. Но, одвреме-навреме овој фудбалер се опушта, а во тие моменти сака пица, пржено пилешко со компири и аргентинскиот специјалитет миланеса – тенко говедско филе пржено во презла.

Меси обично појадува само цели зрна со свежо овошје и зеленчук, додека за вечера јаде туна и кафеав ориз. Кога станува збор за ручек, неговото мени вклучува чорби, салати и мешунки како грав, леќа, наут, грашок…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.