Ова е менито благодарение на кое Клои Кардашијан симна 20 килограми: И сега е вистинска „бомба“
Препишете го!
Клои Kардашијан драстично ги смени изгледот и телото, но откри дека нејзината трансформација започнала по разделбата со НБА-кошаркарот Ламар Одом и дека тоа бил постепен процес.
Станува збор за диета со малку јаглехидрати, со многу протеини и неколку оброци дневно. Оброците на Клои вклучуваат зеленчук, црвено месо, свежо овошје, риба, јајца, јаткасти плодови и вода.
Таа следи кето-диета бидејќи отсекогаш ѝ помагала да ја одржи тежината. Се откажала од млечните производи и претпочита бадемово млеко, но открива дека сè уште има љубов кон сирењето.
View this post on Instagram
Ова е менито на ријалити-ѕвездата:
Пред тренинг: Една лажица путер од бадем и една лажица џем.
Појадок: Овесна каша со ленено семе во прав, јајца и бобинки.
Ужинка: Ореви и јаболка.
Ручек: Пилешко или риба со многу салата и зеленчук како спанаќ, цвекло, брокула.
Ужинка: Овошје, зеленчук, бадеми или бобинки.
Вечера: Грашок со ориз или зеленчук и риба.
Инаку, Клои поминува многу време во вежбалница и тренира 5-6 пати неделно по 30-45 минути.
Нејзиниот тренинг вклучува комбинација од кардио и вежби со висок интензитет.
View this post on Instagram
Бидете трпеливи со себе. Потребно е време за да се видат резултатите“, вели Клои, и додава:
View this post on Instagram
Патот кон слабеење е долг, па почнете полека. Првата недела можеби ќе вежбате 20 минути дневно, а потоа ќе имате повеќе сила и ќе можете да го зголемите времето. Не гладувајте и не се лишувајте од работите што сакате да ги јадете, но јадете ги умерено.“
Фото: Инстаграм