Swatch-групацијата се разделува од Calvin Klein по 22 години успешна соработка

Вљубениците во Calvin Klein ќе имаат неповторлива можност да ги купат преостанатите резерви на CK часовниците и накит со невројатен попуст од 40%.

По 22 години успешна соработка, Swatch-групацијата не го продолжи договорот со американскиот бренд Calvin Klein за производство на линијата на часовници и накит.

Пресвртната точка за ваквиот чекор е разидувањето во однос на визијата каде треба да се движи CK во однос на креирањето на новите лини, но и финансиските резултати на брендот, со оглед на тоа дека целата индустирја на часовници е под притисок на растечкиот бизнис со паметни часовници, но и на евтините часовници произведени вo Кина.

На Swatch-групацијата, инаку произведувач и на престижните Omega-часовници, преку својата долгорочна стратегија од особена важност и е да се задржат високите критериуми и квалитет на производството на часовници и покрај притисокот од евтините кинески брендирани часовници и растечкиот пазар на паметни часовници.

Од друга страна, заради раст на продажбата и намалување на цените во однос на крајниот квалитет, раководството на Calvin Klein му се препушта на притисокот прифаќајќи го патот на преостанатите модни брендови од тој ранг, часовниците и накитот да се произведуваат во Кина, а не во Швајцарија – нешто по CK се издвојуваше од сите преостанати брендови.

Од Божиновски часовници и накит, компанијата застапник на швајцарските брендови на часовници од Swatch Group, велат дека ќе ја следат одлуката на групацијата и дека тоа, за жал, значи дека CK часовниците и накитот ќе бидат тргнати од нивното продажно портфолио.

Она што е најважно за нас како компанија и она во што сме сигурни дека ќе продолжиме да го правиме во иднина, е дека секогаш, ама баш секогаш кај нас ќе има место единствено за високо квалитетни брендови, докажани во својот сегмент, нешто што за жал со промените кои се случија веќе не се однесува на еден од најатрактивните брендови во нашето портфолио Calvin Klein.

Но како што успеавме да го доведеме Calvin Klein со посветена работа низ годините да биде еден од омилените брендови за часовници и накит во земјава, со истата енергија наскоро клиентите ќе ги изненадиме со нови познати брендови.

Дотогаш во духот на Swatch-групацијата, и ние остануваме да одолеваме на притисокот наметнат од масовното производство на часовници и накит.

Преостанатите резерви на CK часовниците и накит вљубениците во овој бренд ќе имаат неповторлива можност да ги купат со невројатен попуст од 40%.

За да го разгледате и нарачате, кликнете ТУКА.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.