Ослободете се од лошата дигестија на најприроден начин: Оваа напивка ќе ви ги отстрани сите маки, а готова е за секунда!

Вистинското решение!

Компотот од суви сливи и јаболка со додаток на неколку тајни состојки е стара и испробана комбинација која ќе ви ги реши сите проблеми со дигестивниот систем

Сливите се одличен извор на витамин Ц, а сувите содржат и значително помалку калории. Исто така, тие се многу богати со растителни влакна, кои докажано ги регулираат проблемите поврзани со дигестијата, како и стомачните тегоби, како подуеност, гасови и лошо варење.

Покрај тоа што помагаат за подобра дигестија и ги отстрануваат стомачните тегоби, влакната од сливите исто така го штитат и вашиот кардиоваскуларен систем, додека витаминот Ц ја подобрува работата на вашиот имунолошки систем. Во комбинација со јаболка, сувите сливи даваат лековит еликсир кој ќе го смири вашиот стомак, ќе ви ги регулира проблемите со дигестијата, но и ќе дејствува превентивно на вашата општа здравствена состојба.

Еве како да приготвите компот од сливи и јаболка:

  • 100 г суви сливи без семки
  • 4 јаболка
  • 1 лимон
  • 1 лажиче цимет
  • прстофат мускатно оревче
  • 5 лажици жолт шеќер
  • 2 литри вода
Приготвување:

Во големо тинџере сипете вода, додајте измиен лимон и исечен на кругови или парчиња, цимет, мускатно оревче, шеќер. Кога водата ќе зоврие, додајте ги јаболката, кои сте ги излупиле и исекле на коцки и сливите. Варете околу 20 минути.

Компотот и овошјето од него можете да ги консумирате во текот на целиот ден и чувајте го во фрижидер, бидејќи така ќе може да ви потрае неколку дена.

Домашен лек на познатиот доктор Амосов: Го намалува ризикот од срцеви болести, го регулира крвниот притисок и го снижува холестеролот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.