Науката открива неверојатни факти: Ако сакате да ослабите, никако не смеете да јадете во ова време!

Важен фактор за губење килограми

Науката тврди дека доколку сакате да изгубите килограми, освен на храната, треба да внимавате и на времето на оброците

Доколку сте на посебен режим на исхрана и се обидувате да се ослободите од вишокот килограми, важно е да знаете дека времето на оброците може значително да влијае врз самиот процес.

Едно истражување спроведено во Шпанија, во кое учествувале повеќе од 1200 луѓе со прекумерна тежина, покажало дека предоцното консумирање ручек, поточно по 15 часот, резултира со намалено губење килограми.

Истражувањето истражувало одреден протеин клучен за движењето и согорувањето калории.

Луѓето со специфична варијација на овој протеин изгубиле помалку килограми кои јаделе ручек по 15 часот, за разлика од испитаниците кои ручале пред 15 часот.

Научниците објаснуваат дека циркадијалниот ритам управува со чувството на глад.

Метаболизмот е индивидуален механизам, а времето на консумирање храна во однос на циркадијалниот ритам може да влијае врз губењето тежина. Циркадијалниот ритам исто така го контролира лачењето инсулин. Кога телото ќе прегладне, овој хормон го лачи во помали количини.

Доколку јадете во време кога телото е помалку чувствително на инсулин, маснотиите потешко ќе минуваат низ телото, а со самото тоа ќе го попречите процесот на слабеење. Затоа, главниот трик е никогаш да не дозволите да поминат повеќе од 4 часа меѓу оброците и ручекот би требало да биде вашиот најкалоричен оброк.

Познато е дека на Шпанците ручекот им е главен оброк, па преку него внесуваат најголем број калории.

Тоа е одлично за организмот, а тоа го покажало едно истражување кое докажало дека луѓето на кои ручекот им е главен оброк губат повеќе килограми во текот на денот и имаат понизок индекс на телесна маса.

Според податоците на Светската федерација, околу 40% од жените во САД имаат проблеми со дебелината, додека во земјите каде што ручекот традиционално е пообилен, тој процент е помал, како на пример во Шпанија, Германија и Унгарија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.