Никако не ги чувајте дома: Овие предмети носат лоша среќа

Според верувањата на фенг-шуи

Ослободете го просторот навреме

Фенг-шуи е древна кинеска вештина на уредување на просторот која особено внимание посветува на животот во хармонија со опкружувањето и предметите што носат среќа и позитивни вибрации. За некои предмети се тврди дека носат лоша енергија ако се наоѓаат во домот.

Овие предмети се наоѓаат на листата на непожелни…

Зелена боја на ѕидовите

Зелената боја низ историјата била симбол на смртта, па оттаму верувањето дека носи несреќа.

Скршени или расипани часовници

Фенг-шуи предупредува дека скршените предмети никако не смеат да се најдат во домот, бидејќи го претставуваат нередот во животот на оние што поминуваат време во тој простор.

Скршените часовници се особено лош знак. Уредите што покажуваат време мора секогаш да бидат исправни за личноста да напредува во животот.

Кактуси

Лоши вести за љубителите на кактуси. Според верувањето, сите билки што имаат некаков вид боцки или трње се магнет за лоши вибрации. Освен кактуси, не е пожелно да имате и агаве во домот, додека розите се исклучок бидејќи содржат мали боцки, за кои се верува дека не ја нарушуваат хармонијата во домот.

Отворен чадор

Никако не смееле да внесете отворен чадор во домот, бидејќи привлекува негативна енергија и лоши вибрации.

Овенати и суви растенија

Ако сакате да живеете во простор исполнет со позитивна енергија, фенг шуи налага сувите, безживотни и овенати растенија да ги исфрлите од домот.

Стар календар

Се чини дека чувањето стар календар во домот носи несреќа, исто како и расипаниот часовник. Се смета дека стариот календар го намалува просперитетот и го скратува животот.

loading...
Прочитајте и
1 коментар
  1. Vojna i ojdeSve вели

    Суеверието на предметите.

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време