Лубеница наместо лек: Ова се сите неверојатни лековити својства на лубеницата!

Моќен антиоксиданс

Освен што е вистински симбол на летото, лубеницата е исклучителен чувар на здравјето

Лубеницата изобилува со витамини и минерали. Го одржува телото хидрирано, а поради изобилството на витамин Ц и бета-каротен одлично дејствува и како превенција на срцевите болести и хроничните воспаленија.

Помага во одржувањето на енергијата на телото и одлично освежува, па затоа е вистински избор во овие летни денови. Прочитајте што се’ содржи лубеницата…

Витамин А

Овој витамин е важен за заштита на здравјето на очите, а неговите својства помагаат во намалувањето на слободните радикали во телото.

Витамин Ц

Сите знаеме дека е потребен за јакнење на имунитетот, но витаминот Ц исто така го забрзува зараснувањето на раните, го спречува оштетувањето на клетките, го подобрува здравјето на забите и непцата.

Витамин Б6

Витаминот Б6 е потребен за синтеза на серотонин и норепинефрин (норадреналин), кои се заслужни за доброто расположение.

Ликопен

Додека многумина мислат дека доматот е најдовар извор на ликопен, лубеницата го содржи во најголема концентрација, во споредба со кое било друго овошје или зеленчук. Ликопенот го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и молекуларна дегенерација.

Калиум

Ако не сте љубители на банани, калиумот може да го најдете и во лубеницата. Помага во заздравувањето на мускулите, ја подобрува функцијата на мозокот и го враќа нивото на електролити во рамнотежа. Исто така помага во намалувањето на крвниот притисок.

Аминокиселини

Лубеницата ги содржи аминокиселините аргинин и цитрулин. Тие се потребни за одржување на здравјето на артериите и целосниот кардиоваскуларен систем, исто така ја подобрува и циркулацијата.

Вода

Лубеницата содржи околу 92% вода, што значи дека е одличен избор за хидратација. Освен тоа, 1 шолја лубеница содржи околу 45 калории, па затоа е вистински сојузник кога се диетите во прашање.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.