Лекарите предупредуваат дека не треба да се пие јаболков оцет

Бидете внимателни

Кога станува збор за домашни лекови, малку работи се споменуваат толку често како јаболковиот оцет. Многумина сметаат дека тоа е „лек“ за сè – од икање до акни, некои дури веруваат дека е клучот за слабеење.

Не може да се негира дека јаболков оцет е полн со ензими, пробиотици, како и дека помага во регулирање на шеќерот во крвта. Но, сѐ повеќе експерти предупредуваат за штетните несакани ефекти поврзани со неговата консумација.

Диететичарката Ели Кригер за „Вашингтон пост“ изјави дека јаболковиот оцет е киселина со која треба внимателно да постапуваме.

„Тоа е моќна киселина што може да биде опасна. Може да предизвика изгореници на деликатното ткиво на устата и хранопроводот и да доведе до ерозија на забите“, објасни таа.

Јаболков оцет може да предизвика гадење и други гастроинтестинални проблеми, па доколку чувствувате непријатност, можеби е време да ја намалите неговата консумација.

Непријатни симптоми може да се избегнат ако разредете јаболков оцет со вода или го користите само како зачин во омилената салата.

„Јас секогаш сум за оцет да биде дел од исхраната, но кога се меша со зеленчук. Волуменот на влакна и вода во зеленчукот ќе ви помогне да бидете сити и хидрирани, што природно помага при варење на храната и одржување на телесната тежина“, е советот на нутриционистката Кери Гласмен.

Покрај тоа, оцетот речиси и да нема калории воопшто, за разлика од кремастите преливи кои се „калориски бомби“.

Во случај да пиете јаболков оцет и вода, како што често се препорачува за слабеење, секогаш пијте преку сламка за да ги заштитите забите од оштетување и лимитирајте го внесот на овој пијалак на најмногу 7 дена.

Прочитајте и: 5 причини зошто не е здраво да се јаде месо секој ден

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.