Инсулин-диета: Единствениот начин на исхрана што засекогаш ги симнува вишокот килограми!

Ригорозно, но ефективно

Ако безуспешно се обидувате да ослабите, проверете го нивото на инсулин кој влијае врз процесот на согорување масти

Многу луѓе имаат негативен став за инсулинот, бидејќи во случај на бројни болести, нивото на овој хормон во организмот се зголемува и луѓето никако не можат да се ослободат од вишокот килограми, колку и да се трудат.

Ви откриваме на кој начин да го држите инсулинот под контрола и така да ја намалите тежината.

Каква улога има инсулинот во телото?
  • Зголеменото ниво на инсулин доведува до следниве последици:
  • Се стимулира синтезата на протеини и истовремено се инхибира разградбата на масти;
  • Се спречува катаболизмот на протеините и се придонесува за создавање телесни масти;
  • Се активира и истовремено блокира синтезата на гликоген;
  • Се намалува гладот.

Здравствени проблеми се јавуваат и со ниско и со високо ниво на инсулин.

Како да се нормализира нивото на инсулин:

1. Морате да ги исфрлите од исхраната јаглехидратите и храната со висок индекс на инсулин, за да не дојде до нагли скокови на хормоните во крвта.

2. Зголемете го времето помеѓу оброците. Најдобра опција е 4 оброка дневно во мали порции. Не се препорачува да јадете почесто од тоа, бидејќи нивото на хормони во крвта расте по секоја консумација и трае еден до два часа. Исто така, не го намалувајте бројот на оброци на еден или два, бидејќи во тој случај ќе изедете поголема количина на храна и како резултат на тоа, нивото на хормони ќе биде повисоко.

3. Периодично гладување. Сè зависи од личните преференции, кому му е пријатно да гладува и кој постојано се придржува до фракциска исхрана.

4. Кето-диета. Оваа диета вклучува исфрлање на јаглехидратите и консумирање храна со високо ниво на протеини и здрави масти. Ова ќе ја зголеми осетливоста на инсулин, но таквата исхрана не им одговара на сите, бидејќи главни контраиндикации се:

  • дијабетес тип 1
  • болести на тироидната жлезда
  • висок холестерол
  • проблеми со црниот дроб
  • нарушување на работата на гастроинтестиналниот тракт.

Кога се обидувате да ослабите, мора да имате предвид дека нормализацијата на нивоата на инсулин не е единствениот фактор на кој би требало да обрнете внимание.

Еднакво важно е да консумирате здрави и квалитетни производи, да ги намалите калориите, да посветите повеќе време на физички активноста, па макар тоа било прошетка на свеж воздух.

Грижете се за вашето тело и наскоро ќе ги постигнете посакуваните резултати и ќе се ослободите од вишокот килограми еднаш засекогаш.

7 дневна диета за чистење на црниот дроб и егзема од кожата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.