Храна што ќе го прероди и ќе го набилда вашиот имунитет до максимум: Ова се убедливо најздравите намирници на светот!

Време е за рестарт

Според бројот на важни нутриенти, витамини и минерали, овие три намирници се на самиот врв на листата најздрави намирници на целиот свет

Овие три намирници се најздравото нешто што можете да го додадете во вашата исхрана за да му обезбедите најквалитетна заштита и превенција од бројни болести на организмот. Одамна е познато дека храната е најмоќниот лек, па затоа искористете ја!

Дива боровинка

Оваа драгоцена бобинка е најдобриот тоник за здравјето што може да се најде во природата. Дивата боровинка му е голема поддршка на имунолошкиот систем, го закрепнува ткивото, подмладува, ја подобрува дигестијата, го ослободува телото од тешките метали… Исто така, добра е за превенција на невролошки заболувања, како што е Алцхајмеровата болест.

Дивите боровинки се идеални за правење кашести сокови, но може и да се замрзнат, па да се сварат во компот или како ви одговара. Не мешајте ги дивите боровинки со култивирани боровинки, бидејќи култивираните немаат ни половина од хранливите материи како оние што растат на планините.

Коприва

Неверојатна дива билка за детоксикација, ги ублажува главоболките, го зајакнува ендокриниот и нервниот систем. Копривата е една од најдобрите билки за лекување и превенција на многу болести. Користете ја оваа билка ако сакате да го ублажите хроничниот умор, болките во зглобовите и мускулите, за да го намалите емоционалниот стрес. Нејзините антивоспалителни својства се неверојатни, па затоа мора да ја користите во исхраната. Копривата можете да ја варите како чај, да ја приготвите за исхрана како спанаќ или да ја додадете во готвени јадења.

Зелена млечка

Кога ќе прочитате што сè може да направи млечката за вашето тело, таа ќе стане вашиот најдобар пријател. Млечката е богата со протеини, па затоа е одлична за кардиоваскуларниот систем, ја прочистува крвта, го снижува холестеролот… Фантастично средство е и против ултравиолетовото зрачење.

Напролет, наберете што повеќе листови од млечка и додајте ги во салата – нема ништо поздраво од тоа. Исушената млечка е идеална за утрински чај, а цветовите користете ги за да направите природен мед.

Во вашето мени вклучете барем една од овие три супернамирници и подобрете го вашето здравје. Идеално би било сите три да станат составен дел од вашата исхрана, но и една од нив или две, ќе ги исполнат сите потреби на вашиот организам.

Почитувајте го ова и никогаш нема да се разболите: Тврдење на најпознатиот експерт за здрава исхрана!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.