Диета што топи килограми без никакви откажувања: Еве зошто овој начин на исхрана е најпопуларен моментално

Здрава и ефективна

Оваа диета симнува 10 килограми за еден месец, без големи откажувања и гладување

Оваа диета за кратко време станала една од најпопуларните. Резултатите се одлични, а килограмите се губат на потполно природен и безбеден начин, без гладување и без јојо-ефект. Килограмите што ќе ги изгубите, нема да се вратат откако ќе прекинете со овој режим.

Правила на диетата

Во текот на режимот, телото ќе ги добие сите потребни материи за правилно функционирање. Количината на внесени јаглехидрати и масти е ограничена, па од исхраната треба целосно да ги исфрлите конзервираната храна, благото, некои житарки, скроб и производи од брашно, тестенини, леб, компир и мешунки.

Овошјето со голема количина на шеќер, како бананите, грозјето, дињите, кајсиите и смоквите не се препорачуваат. Маргаринот и сите млечни производи се забранети, освен кефирот.

Менито за оваа диета содржи најмногу супа, немасно месо и риба, јајца и влакна, кои најмногу ги има во зеленчукот. Од овошје може да јадете јаболка и цитруси.

Кога внесувате ограничена група на производи, броењето калории не е неопходно. Јадете додека се почувствувате сити, но не претерувајте. Тоа е основното правило на оваа диета.

Јадете ги супите без никакви додатоци, со главното јадење не додавајте леб или компир, а пијалаците нека ви бидат без шеќер. Единствениот извор на благо може да ви биде стевија.

Главната предност на оваа диета е нејзината едноставност. Сите јадења се лесни за приготвување и не изискуваат големи финансиски трошоци и губење време.

Пример за мени

Појадокот може да биде: Кефир, варено месо или омлет. Покрај тоа, предвид доаѓаат и незасладените кафе или чај.

Ручек: супа, риба или пилешко месо, салата од зелен зеленчук, компот без шеќер.

Вечера: порција риба или месо и кефир

Ужина: зеленчук или овошје по избор.

Пробајте ја и оваа диета на руска балерина за совршен струк.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.