Aко ги имате овие 3 симптоми ВЕДНАШ треба да престанете да пиете кафе

Кафето е еден од омилените пијалоци кои ви помагаат да се чувствувате будни и способни да го дочекате денот полн со енергија. Лекар од соба за итни случаи открива дека луѓето кои доживуваат одредени симптоми треба да го заменат овој сакан пијалок со поздрава алтернатива.

Според „Мирор“, д-р Соој, општ лекар и лекар за итна помош, изјавил дека луѓето кои не можат да заспијат, кои се вознемирени или чие срце забрзано чука, треба да пијат помалку кафе, а некои дури и да престанат да пијат кафе.

Лекарот истакна дека пиењето кафе има здравствени придобивки, но дека спиењето сепак мора да ви биде приоритет.

Кафето останува во вашиот систем многу подолго отколку што мислите. Ова значи дека вашата утринска шолја кафе веројатно сè уште ќе биде во вашиот систем кога ќе се обидете да легнете таа вечер, а тоа значително ќе го намали квалитетот на вашиот сон“, ги пренесува „Мирор“ неговите зборови.

Ако сакате да го намалите кафето од здравствени причини, секогаш можете да се обидете да пиете кафе без кофеин или билни чаеви со низок процент на кофеин. Ќе ја задоволи вашата дневна потреба за напиток кој ќе ве подигне, а во многу помала мера ќе внесете кофеин во организмот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.