5-те најчести намирници што предизвикуваат лош мирис на телото!

Никој не сака лошо да мириса, затоа внимавајте на овие намирници!

Што предизвикува лош мирис на телото? Лукот, кромидот и другата вообичаена здрава храна може да го промени мирисот на здивот и потта. За да го намалите лошиот мирис на телото, внимавајте на овие намирници и пијалоци.

Алкохол

Обилното консумирање на алкохол дефинитивно нема пријатен ефект врз вашиот мирис. Еве што се случува: Кога вашата чашка текила се апсорбира во телото, алкохолот се претврора во ацетат или оцетна киселина, која може да се ослободи преку потта.

Брокула

Брокулата, карфиолот, како и јајцата и млекото може да предизвикаат непријатен мирис. Тие содржат сулфур, соединение со непријатен мирис и мириса на расипани јајца. Ако ги консумирате, можете да ја зголемите достапноста на сулфур до бактериите на кожата, дозволувајќи им да произведуваат повеќе соединенија што содржат сулфур, што значи дека можете да почнете да го чувствувате овој непријатен мирис.

Лук и кромид

Храната како лукот и кромидот може да создадат непријатен мирис поради високата концентрација на испарливи органски соединенија (VOCs) што ги содржи оваа храна. Како брокулата и карфиолот, и оваа храна обично содржи сулфур. Со други зборови, не само што лукот може да предизвика лош здив, туку лош ќе биде и мирисот што ќе излезе од вашите пори.

Риба

Рибата секако има свој карактеристичен мирис, барем кога е надвор од вода. Но, дали може да го промени мирисот на телото кај луѓето? Се чини дека тоа е случај, барем кај луѓето со генетска состојба наречена триметиламинурија, неспособност на телото да ги разгради соединенијата со лош мирис. Јадењето риба предизвикува распространет мирис на риба кај луѓето со оваа генетска состојба.

Црвено месо

Месото наоѓа и на листата на намирници кои предизвикуваат непријатни мириси и се богати со сулфур. Резултатите од студијата објавена во списанието Chemical Senses, сугерираат дека јадењето месо може да влијае на мирисот на вашата пот. Во оваа мала студија, истражувачите ставиле група од 17 мажи на диета без месо две недели и ја зеле на испитување нивната пот. Истражувачите потврдиле дека масните киселини кои се наоѓаат во месото можат да навлезат во потта, што ја прави помиризлива.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.