Секоја вечер го мачка лицето со овој крем: Изгледа 10 години помладо од своите пријателки!

Пробајте и вие!

Сите генијални решенија се едноставни, а сосема возможно е да ја одржите кожата млада и свежа со помош на домашен крем

Една жена споделила дека прави домашен крем за лице и секоја вечер со него ја мачка кожата. Вели дека овој ритуал го научила од мајка ѝ и дека со години се придржува до него. Тврди дека никогаш не купила ниту еден крем против брчки.

Дали е до генетиката или до кремот, не се знае, но таа изгледа многу младо за своите години, па дури и 10 години помладо од пријателките со кои некогаш заедно одела во средно училиште.

Ова е рецептот за нејзиниот домашен крем:
  • 1 лажица домашен мед
  • 1 лажица вазелин
  • 1-2 капки јод
  • 1 лажица рицинусово масло
Приготвување:

Сите состојки се ставаат во стаклена тегличка и добро се мешаат со дрвена лажичка. Се чува во фрижидер, но не подолго од еден месец и не треба да се прави дупла доза. Таа секоја вечер ја храни кожата со овој крем и не се грижи за брчките, бидејќи воопшто ги нема.

Вазелинот можете да го користите и во овие ситуации:

1. Средување на веѓите

Ако веѓите ви се разбушавиле и не можете да ги скротите, само нанесете малку вазелин на нив и исчешлајте си го четкичка за веѓи. Ќе бидете воодушевени!

2. Меки и долги трепки

Повеќето жени не се задоволни од природната должина на трепките, но и тука може да ви помогне вазелинот. Тој е одлична и евтина замена за скапи серуми и масла. Користете четкичка од стара маскара за секоја вечер да нанесете малку вазелин на трепките. За кратко време би требало да ги воочите првите промени.

3. Пилинг за тело

Измешајте вазелин со шеќер и ќе го добиете најевтиниот, а најдобриот пилинг.

4. Вадење шминка

Ако сте го потрошиле млекото за чистење, шминката можете да ја отстраните и со маслиново масло или вазелин без никаква мака.

5. Отстранете ја гумата за џвакање од облеката

Ако ви се залепила гума за џвакање за облеката, отстранете ја со вазелин. Нанесете малку вазелин на гумата за џвакање и неговите масла ќе ја разградат. Остатоците отстранете ги со нож.

6. Пилинг за усни

Со лесен пилинг на усните и подрачјето околу нив ќе го отстранете мртвиот, несаканиот дел од кожата. Добар трик е да нанесете вазелин на четкичка за заби и внимателно да ги триете усните – несаканите дамки ќе исчезнат, а усните ќе ви бидат меки и свежи.

7. Крем за тело

Вазелинот можете да го користите како хидратантен крем за телото, особено на деловите каде што кожата најчесто се суши и каде што најчесто доаѓа до задебелување, како на пример на лактите.

8. Подлога за парфем

Вазелинот ќе ви помогне мирисот од парфемот подолго да остане на вашата кожа. На местата каде што нанесувате парфем, најпрво намачкајте тенок слој вазелин и потоа попрскајте.

9. Наместо фластер

За да одбегнете создавање плускавци, на клучните точки нанесете вазелин пред да обуете нови патики или чевли.

4 ефективни начини: Како да ја спречите или барем да ја одложите појавата на брчки на челото?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.