Пудрата Perfect Teint Foundation на ARTDECO се закити со „оскар“

Премиум-декоративен производ

Пудрата Perfect Teint Foundation на ARTDECO повторно наградена! Ова е второ признание откако минатата година беше дел од наградените производи на Trend Awards 2019 во организација на магазинот Joy.

Овој пат Perfect Teint Foundation е наградена во категоријата „премиум-декоративен производ“ на престижните козметички награди во организација на „Космополитен“.

Станува збор за настан што е вистински оскар во козметичката индустрија, a за наградите и за номинациите одлучува врвно жири, составено од дерматолози, козметички експерти, уредници и читатели на изданијата.

Наградата има висока репутација во козметичката индустрија и е симбол за квалитет кај потрошувачите.

Наградите беа поделени во 13 категории, а она по што се номинираат е производот да е особено иновативен и да има истакнати карактеристики.

Лесната течна пудра Perfect Teint Foundation обезбедува природен мат-изглед, а истовремено и висока покривност за ситните брчки и линии на лицето.

Оваа течна пудра ја штити вашата кожа од секојдневните штетни влијанија и ја чува од губење на влажноста.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.