И ти биди професионалец во шминкањето: Ново од „Аура“

Иднината е тука!

Aura ги остварува вашите соништа и ви овозможува да станете експерти во светот на шминката со најновата течна пудра Total PRO во шест нијанси и со руменилото во стик Cheek Stick.

Со пудрата Total PRO, вашиот тен ќе изгледа како за него да се погрижил професионален шминкер, а кожата ќе ви биде свежа и блескава. Има силна покривна моќ дури до 12 часа и свилест мат-завршеток, кој го нагласува природниот изглед на тенот.

Доколку, пак, сакате да додадете и малку руменило во вашиот изглед, нема да погрешите со Cheek Stick, чија кремава структура убаво ќе се соедини со подлогата и ќе му даде природност на вашето лице.

За сите кои сакаат нешто повеќе од руменило! Три нијанси на руменило во стик:

1. Coctail peach

2. Coral party

3. Pink breezer

Руменило во стик CHEEK STICK создава блескав и здрав тен. Поради својата специфична кремава структура, успешно се соединува со подлогата на лицето и му дава потполно природен изглед на кожата.

Нежната мирисна нота на праска дополнително ја истакнува палетата на бои на руменилото во стик CHEEK STICK. Збогатен е со витамин Ц и масло од јојоба и ши-путер.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.