ПОДАРОК за 1 читателка од Vichy: Течна пудра Dermablend за мазен и блескав тен!

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи.

„Септима“ ќе ѝ подари на една читателка на октомвриската „Убавина и здравје“ течна пудра во нијанса 45 – Vichy Dermablend.

Пудрата обезбедува совршено покривање 16 часа со чувство на „гола кожа” и мат-ефект. Одлична е за жени кои сакаат да ги покријат малите до умерени неправилности на кожата (нерамномерен тен, подочници, црвенило, лузни итн.). Нејзината хипоалергена формула со висока толеранција е тестирана под дерматолошки надзор на осетлива кожа.

Формулата на корективна течна пудра за лице Dermablend спојува висока концентрација на пигмент за оптимално покривање и голема впивачка и лесна текстура која на кожата и дава природен изглед и чувство на пријатност во текот на целиот ден. Во контакт со епидермисот, текстурата станува потечна, а пигментот на боја се распределува по целата површина и потполно ги прикрива неправилностите на кожата, а при тоа не се создаваат грутки или впечаток на сува маска.

Оваа пудра ви нуди тројно делување: висока моќ на покривање 16 часа + природен изглед на убавина + оптимално чувство на пријатност – 24 часовна хидратација.

1. 30% концентрација на пигмент за совршена покривност.

2. Пигменти „soft-focus”, кои ги прекриваат неправилностите и на тој начин создаваат мазна кожа, како и класичните пудри за лице.

3. Збогатена со глицерин и етерични масла од растително потекло, кои ја прават нежна, течна и пријатна.

Во допир со топлата кожа се претвора во флуид, а нејзината текстура создава тенок слој без нагласување на брчките и без да остави траги на масен сјај на кожата.

  • Тенот е во потполност воедначен со природен ефект на „гола кожа”
  • Неправилностите на кожата се покриени веднаш без траги или грутки
  • Тенот е воедначен и сјаен, кожата е еластична и изгледа природно, со чувство на пријатност
  • Без ефект на маска

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во ноември.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! Забавувајте се со нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.