Гола вистина… Да ги елиминираме или, барем, камуфлираме недостатоците

Наши препораки

Целулитот се јавува кај 80-90 проценти од жените во одредена фаза од животот, а неговата појава нема никаква врска со телесната тежина или степенот со физичка активност.

Карактеристичниот изглед на кожата предизвикан од целулитот се манифестира кога лентите сврзувачко ткиво, кои проникнуваат во масното ткиво и го врзуваат за основата на мускулите, се повлекуваат во длабочина, што предизвикува акумулација на маснотии и формирање „кора од портокал“.

Иако не постои лек за целулит, постојат неколку начини да се намали.

Дома

Ефикасен во борбата против целулитот е кофеинот, кој ја стимулира циркулацијата и го намалува задржувањето течности во ткивата, што овозможува нивно измазнување.

Пробајте: антицелулитен гел за тело Collistar Maxi Size Anticellulite Cryo. 

Collistar Maxi Size Anticellulite Cryo, 2.286 ден. („Еликсир ексклузив“)

Гелот е формулиран врз основа на криотерапија (ладен ефект), а мешавината на растителни алфа-хидрокси киселини, бразилската црвена пиперка и кофеинот во неговиот состав има интензивен ефект врз масните наслаги, и тоа  на 3 нивоа: го ограничува формирањето зрели масни клетки, спречува натрупување нови и поттикнува отстранување на постојните масни клетки.

Резултатите од студијата од 2014 година, објавена во научното списание Clinical, Cosmetic and Investigational Dermatology, покажаа дека употребата на ретинол двапати на ден донекаде го намалува целулитот по три месеци.

Термоактивен крем против целулит Anesi, 1.690 ден. (shop.depileve.mk)

Препорачуваме термоактивен крем против целулит Anesi. Станува збор за емулзија со кофеински липозоми, гуарана, екстракти од Л-карнитин, а содржи екстракт од бршлен и ретинол, што ја прави моќна во борбата против целулитот, а придонесува и за обликување на телото и за скулптурирање на облините.

Антицелулитент крем Thiomucase, 1.058 ден. (Hemofarm)

Испробајте го и антицелулитниот крем Thiomucase. Го содржи единствениот ензим мукополисахаридаза, кој успешно ги активира мукополисахаридите во масните клетки и го омекнува колагенското сврзувачко ткиво.

Ткивото станува пропустливо за течностите, со што се овозможува полесно истиснување на вишокот течност, како и полесно согорување на мастите. Како резултат на тоа, се губи и целулитот.

Со помош на гаџети

Рачната масажа исто така може да помогне. Кога втривате лосион / крем, обидете се буквално да ја изгмечите кожата. Друг начин за стимулирање на циркулацијата, според советите на експертите, е „суво четкање“ на кожата, што е основа на спа-третманите.

Во дерматолошка ординација

Во Америка се појави најнов начин за трајно решавање на проблемот со целулитот. Се состои од инјектирање нов производ со одобрение од СЗО во задникот на клиентите, кои ги исполнуваат стандардите за оваа постапка (од 14 до 24 „дупки“ на задникот).

Ензимите, наречени колагеназа, се инјектираат во областа со целулит, за да се ослободат фиброзните ленти, кои се причина за видливоста на целулитот на површината на кожата.

Резултатот од постапката е прераспределба на масните клетки и стимулација на производството на колаген, кој го подобрува изгледот на кожата. За да се постигнат трајни резултати, потребни се три третмани (во период од два месеца).

Постапката не е евтина, но резултатите се трајни. Можни се модринки, но тие се минливи.

Поздравете се со испуканите капилари

Иако загрижуваат бидејќи се појавуваат ненадејно, особено кај бремените жени и по 30-та година од животот (поради дејството на хормоните), испуканите капилари не се опасни по здравјето и лесно се маскираат или отстрануваат.

Во домашни услови, коректор што совршено ги покрива несовршеностите на лицето е еднакво ефикасен и за покривање на испуканите капилари на нозете Max Factor Pan Stik.

Max Factor Pan Stik, 321 ден. (Еликсир ексклузив)

Ултрапрекривна и многу густа формула, наменета за коригирање на несовршеностите на лицето, но успешно ќе ги покрие и видливите капилари.

Во дерматолошка ординација

Најефикасно решение од ординациите се васкуларните ласери. Ласерскиот сноп поминува низ кожата без да ја оштети, а завршува во крвните садови, доведувајќи до процес на нивна облитерација преку процес наречен фототермокоагулација.

Тоа значи дека светлосната енергија на ласерскиот сноп се претвора во топлинска, која врши коагулација на крвниот сад, по што доаѓа до негова облитерација (поништување, бришење).

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.